АКК ПРОСПОРТ/ АМК ИМПЕГНА/ АМК КАНОН МАК, Скопје

АМК Новус кој е формиран во 1994 година и со самото откажување на генералниот спонзор чие име клубот го носеше, целото членство го продолжува континуитетот и делувањето на клубот со промена на името и спонзорот во 2000 година.Првите две сезони клубот настапуваше под името АМК Канон Мак, за од 2002 да се преименува во АМК Импегна.Од 2007 година името на клубот е АКК „ПРО-СПОРТ“ – тркачки клуб од Скопје и истиот има решение од агенцијата за млади и спорт за дејност бавење спорт.

Во овие 18 сезони за клубот настапуваа многу натпреварувачи, а најредовно на патеките се појавуваа Пожаренков Ѓорѓи,Александар Стоилов-Дуста,Марко Кажиќ,Благоја Василевски,Дарко Николиќ ,Христаки Давитковски,Стево Костовски,Мијалче Василевски, Влатко Симоновски, Газмен Гаши,Љупчо Митревски, Шкелзи Лајчи,Орце БлажевскиДрен Бериша, Орхан Ахнет,Дејан Стојанов,Дарко Патриковски,Милан Русевски,Исмет Ајрадини,Влатко Наковски, Сашко Богоевски, Дејан Стефановски,Никола Донев, Михајло Лазаревски, Александар Георгиевски, Александар Тодоровски, Игор Стефановски и многу други.

Клубот АМК КАНОН МАК  во 2000 година,ја освојува Шампионмската титула во Шампионатот на Македонија на кружни патеки додека во Шампионатот на ридски патеки е вице Шампион а натпреварувачите Стево Костовски, Мијалче Василевски и Влатко Наковски ги донесоа најголемите победнички успеси. Василевски беше вицешампион во 2000 и на ридски и на кружни патеки, а во 2001 и 2004 беше трет на кружни, додека Костовски има две вицешампионски титули на рид (2002 и 2003) и една на круг (2000), а на два пати беше трет (2002 и 2003). Покрај нив пехари во генералниот пласман освоија Орхан Амет кој во 2000 год. беше вицешампион на кружни патеки и Влатко симоновски за третото место на ридски и кружни патеки во 2004 година.

Во сезоната 2005 Мијалче Василевски го освои третото место во класа 1 а Стево Костовски шампионската титула во класа 2 додека нашиот клуб во генералниот пласман беше втор, од шампионатот на ридски натпревари. Мијалче Василевски во класата 1 во шампионатот на круг во генералниот пласман ја освои вицешампионската титула.

Во сезона 2007 Влатко наковски во класа 1 во генералниот пласман ја освои шампионската титула од шампионатот на кружни натпревари.

Покрај учеството во трките, клубот се појавува како организатор континуирано секоја сезона на патеките ширум Македонија. АКК ПРОСПОРТ (АМК ИМПЕГНА) е успешен организатор на трки:   Ридски: Водно, Крушево, Кочани      и     Кружни: Кичево, Скопје

Во 2008 година формирањето на Автомобилистичката федерација на Македонија АКК ПРОСПОРТ во шампионатот на Македонија организира 4 кружни натпревари на кружната стаза во Кичево како и два ридски натпревари.Натпреварувачите Михајло Лазаревски,Никола Донев и Влатко Симоновски ги бранеа боите на клубот.

Во наредната 2009 година клубот организира два кружни и три ридски натпревари а натпреварувачите во Шампионатот го имаат генералниот пласман и тоа:Влатко Наковски е какпо втор,а го следат Михајло Лазаревски и Никола Донев.

Покрај организацијата овој пат само на ридски натпревари од меѓународен ранг на натпревари во 2010 година ,клубот го освојува и третото место со натпреварувачите Михајло Лазаревски и Никола Донев кои го освоија второто односно четвртото место во Шампионатот.

2011 година АКК ПРОСПОРТ се зајакнува во своите редови со натпреварувачот Игор  Иџе Стефановски кој се натпреварува во Групата N до 2000 ццм со возило Honda Civik Type-R и ја освојува Шампионската титула во КУП натпреварите на бившите Ју простори,потоа вицешампионска титула во Централно Европската Зона каде има комкуренција од околу 100 натпреварувачи од 12 држави членки на ЦЕЗ. Во Македонскиот Шампионат Игор Иџе Стефановски заедно со своите тимски колеги Александар Георгиевски и Михајло Лазаревски и нивните пласмани му овозможуваат на  својот клуб да ја добие Шампионската титула на крајот од сезоната.